(ВИДЕО) Бендевска: Ова е една од највалканите кампањи организирани од ДПМНЕ

Од:

Енормно голем број нерегуларности и прекршувања на изборниот процес регистрирал „Сојузот за иднината“ на гласањата во општина Битола, информира пратеничката на СДСМ, Весна Бендевска, пред малку на прес-конференција.

Таа рече дека сепак, податоците од помалите места се позитивни за опозициската коалиција.

Се уште е рано за официјални податоци, но оние неформални резултати добиени од помалите места за нас се крајно позитивни. Во овој момент не сакам да шпекулирам со резултатите, оти истите ќе ги имаме за еден час, но би сакала да ја искористам приликата и да ја информирам јавноста за низата нерегуларности во текот на денешниот и вчерашниот ден. Нашите претпоставки се потврдија: Ова е една од највалканите кампањи што ги има организирано ДПМНЕ.

Регистриравме енормно висок број нерегуларности и прекршувања на изборниот процес – порача Бендевска.

Таа зборува за низа нерегуларности а посебно алармантно е што голем број гласачи ги немало на избирачкиот список.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада