Бендевска: Антикорупциска е заштитник на криминалот на режимот на Груевски

Од:

Отпорот денеска го изрази своето незадоволство од работата на Антикорупциската комисија, за која велат дека како институција и не постои.

„За жал Антикорупциската комисија се претвори во заштитник на криминал на режимот на Груевски. Секојдневно, овој режим се дави во нови корупциски скандали, а Антикорупциска е потоната во целосен молк“, изјави Весна Бендевска.

Бендевска потсети на аферата „Патриотска метла“ со која во Култура беше изгорена тендерската докоументација за „Скопје 2014“, пропаднатиот попис за кој се потрошија 14 милиони евра народни пари, сомнителните договори за НАТО самиотот во Охрид 2008. кој траеше еден ден, а беа потрошени 3 милиони евра, дупката од 3,5 милиони евра на ВМРО-ДПМНЕ од парламентарините избори 2011-та.

Судот, рече Бендевска, вчера одлучи кривилчно да ги гони осомничените за давањето поткуп во аферата Дојче Телеком. Додека американските органи ги гонат тие што давале поткуп во оваа афера, во Македонија, режимот на Груевски со прст не мрднува да ги гони лицата кои биле поткупени.

Бендевска појасни дека се работи за докажан криминал за поткуп од 4,8 милиони евра за да се спречи издавањето лиценца за трет мобилен оператор во Македонија.

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата