(ВИДЕО) Беличанец: Лага е дека цела Европа имала закон за медиуми

Од:

Не е решение за проблемите со медиумите. Пред се е потребна сериозна дебата и соочување на јавна сцена на аргументите., рече Роберто Беличанец, од Центарот за развој намедиуми, на дебатата за потреба од нов закон за медиуми.

Според него, деновиве се фингира процес на отвореност во кој се глуми дебата.

-Некои луѓе кои решиле да дадат кредибилитет на овој процес, а тврдат дека се цели сегменти на медиумската заедница. Тоа не може никој да го тврди, дека медиумската заедница стои зад нив. Едно треба да се јасно дека медиумската заедница не се откажува од правото некој друг да ги претставува. Она што тече како дебата е чиста фингерајка. И она што се наметнува од таквата цела дебата е дека мора да имаме закон за медиуми, зашто цела Европа имала закон за медиуми. И тоа е една голема лага. Само четири земји имаат закон за медиуми. Словенија е една од нив која е забележана како проблематично дете во Унијата поради тоа, исто како и Унгарија со овој закон за медиуми кој и донесе многу проблеми, рече Беличанец.


Вие можете на хартија да напишете се, и во Уставот на Сталин пишувало дека има слобода на изразување, ама СССР тоа не ја направило слободна држава.

Нам ни се нуди еден човек, еден цар на Агенцијата да одлучува за целата медиумска заедница. Мене сериозно ме интересира кој ќе биде тој човек, семоќен Бог?

Се соочуваме со концепт кој сака да регулулира се што може. Има ли потреба од таква работа, рече Беличанец.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ