(ВИДЕО) Беџети: Притвор не се изрекува пречесто

Од:

Министерот за правда Блерим Беџети во неделното интервју на Радио Слободна Европа, вели дека статистиката на Министерството за правда покажува дека притвор се изрекува само во околу 5 проценти од случаите и нема аргументација да се каже дека е пречеста мерката притвор.

Беџети вели дека Кривичниот закон е е клучен и ефектите од новите измени кои ќе бидат во една поширока јавна дебата, се очекува, односно се прецизираат многу кривични дела кои што имаше потреба да бидат прецизирани во нашето законодавство.

Се предлага решение каде што максималната казна од 15 години се предлага да се зголеми на 20 и алтернативното решение за доживотниот затвор од 20 се зголемува на 40 години. Тоа е согласно искуствата на земјите од регионот и од земјите на ЕУ, затоа што наша цел и заложба е усогласување со законодавството на Европската унија. Значи, вели Беџети, не се работи за слабости, туку за дополнувања и усогласување со законодавството на ЕУ.

Од декември годинава ќе почне да се применува Законот за кривична постапка.

Министерот очекува и во овој извештај на ЕК за напредокот на Македонија како и во претходните, да имаме позитивни оценки во делот на правосудството, факт е, вели, дека и во изминативе години сме имале позитивни чекори во оваа насока кои биле нотирани и од самата ЕК и убеден е дека и во овој извештај ќе бидат нотирани позитивните чекори на нашата држава.

„Во случајот Кежаровски не се работи за слобода на мисла, на говор итн, туку се работи за конкретен случај, кој исто така е чувствителен, се надевам дека сите ќе се согласиме дека е чувствителен. Никој во државава не треба да пристапува спротивно од законите, ниту функционер, ниту новинар, писател итн. Да беше за слободата на мисла, на говор, тогаш тоа ќе беше сосема поинаку, но имајќи предвид дека пред извесно време ние пристапивме кон декриминализацијата, нема потреба од дебатирање. Сите знаеме дека се работи за сосема друг случај, доста чувствителен, во кој се обвинети повеќе лица“, вели Беџети.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Орце Костов