ВИДЕО: Банско го отпиша Пишев, го запиша Заев за свој градоначалник

Од:

Со зурли и тапани вечерва во Банско беше пречекан кандидатот за градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев. „Зоки, Зоки“ извикуваа и стари и млади, заблагодарувајќи се за досега сработеното во селото и давајќи му целосна поддршка за новите проекти во третиот мандат.

Се поздравуваа и гушкаа како стари пријатели, евоцираа спомени од реализирањето на 24-те проекти со вкупна вредност од 600 илјади евра, со кои заедно во изминатите осум години ја испишуваа успешната приказна на Банско.

-Бев овде осум години со вас и на собири на граѓани и кога се радувавме на нови асфалти, овде пиевме пиво за сите шест улици што ги направивме во една година, горе, се радувавме на новото училиште. По главната улица шетав гордо оти ни завршуваше новиот водовод кој што беше болка на сите, во 21 век луѓето немаа вода за пиење.

Денес сум среќен човек оти заедно со вас ги направивме сите овие работи. Вечерва го давам најголемото ветување пред вас, ќе направиме канализација и ќе го решиме проблемот со фекалните води. Ќе го развиеме туризмот искористувајќи ги сите потенцијали на Банско, ќе ги асфалтираме преостанатите улици… Ќе работиме вредно за уште поубаво Банско. Ние зборуваме за дела, а тие шират само лаги и манипулации. Тоа повеќе не поминува кај народот, тој сака дела. Не само што немаат дела, туку ни пуштија и човек за градоначалник кој ако не е во хотелот „Цар Самоил“ на кафе, тој не знае кај е Банско, тој мисли дека селото е во хотелите. Не знае дека селото е на десната страна. И сега доаѓа да бара гласови, со кое лице, та една и пол година беше пратеник, што направи за вас, рече Заев.

Пред жителите на Банско зборуваа и носителот на советничката листа на Сојузот за иднината, Марјан Даскаловски и Ерхин Мустафов кандидат за член на Советот на општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“