ВИДЕО: Бакрачески не знае за лагата за охридскиот професор

Од:

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Бакрачески на прес конференција рече дека не е запознаен со вчерашната информација на Вечер и Сител за директорот на средното електро машинско училиште Бошко Сиљаноски кој беше прикажан на слики во џакузи со неколку девојки, за кои се тврдеше дека се негови ученички.

Сиљаноски вчера на прес конференција заедно со неговите две ќерки посочи дека се работи за голема лага и манипулација, и дека девојките се негови ќерки со кои бил на Банско. Целта беше да се наштети на кандидатот за градоначалник на Охрид од опозицијата, Александар Петрески, кој беше вмнешан во целата приказна како близок соработник со Сиљановски.

„Не знам за какви вести ми зборувате, меѓутоа јас не знам кога во моите настапи и во настапите на структурите на партијата имало ниско ниво на комуникација во оваа кампања. Во овој момент ме збунувате со вашето прашање. Која е врската на таквата информација со нашата партија? Дали е тоа нешто што е кажано од ВМРО-ДПМНЕ? За да упатите такво прашање треба нешто да дојде од нас. Јас најодоговорно тврдам дека од мене и од советниците ништо такво не дошло ниту пак од партијата која јас ја застапувам“ рече Бакрачески.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата