ВИДЕО: Бајага и „Bella Ciao“ го одбележаа 20-от коледарски хепенинг во Гевгелија

Од:

Српскиот рокер Момчило Бајагиќ заедно со групата „Инструктори“ синоќа беа специјални гости на Големиот јубилеен 20-ти по ред Коледарски Хепенинг во Гевгелија, кој се одржа на теренот на Ракометното игралиште со почеток во 19:30 часот.

Покрај српските музики гости на сцената меѓу другите настапија и домашни естрадни ѕвезди, локални музички имиња, групи и состави, што ја дополни најава за повеќечасовната забава за гевгеличани и посетителите од другите соседни општини, се до полноќ.

На синоќа одржаниот најголем, најмасовен и најпосетен јубилеен 20-ти по ред Коледарски Хепенинг, во организација на Локалниот клуб на СДММ од Гевгелија, младите социјалдемократи на бината на финишот ја испејаа и химната на отпорот “Бела Чао“. Заедно со нив пееше и неколку илјадната публика на ракометното игралиште во Гевгелија, собрани традиционално на оваа манифестација.

Сите посетители во јануарската коледарска вечер ги грееше големиот коледарски оган направен од грамадна структура составена од 15 реда дрвени трупови, наредени на спрат во форма на пирамида, а во внатрешноста уште толку помали дрвени трупци за оджување на огнот кој треба да гори цела ноќ, во пресрет на големиот христијански празник, како предвесник на Христовото раѓање.

Според традицијата, пред да бидат запалени огновите, со свечена црковна церемонија се изврши осветување на коледарскиот оган од страна на свештеник од гевгелиската црква “Св. Кирил и Методиј“, а потоа се поделија бадникови гранчиња за здравје, мир и спасение на сите посетители на Коледарскиот Хепенинг.

Организатор на настанот е Локалниот клуб на Социјалдемократската младина на Гевгелија, кој и годинава за сите посетители обезбеди бесплатни топли напитоци, погачи, колачи, зрнести плодови и пригодни подароци за најмладите.

Би можело да ве интересира

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он

Гевгеличанец си садел марихуана во двор – доби кривична и притвор

А1он