А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Видео Македонија

ВИДЕО: Багери повторно удрија во Реонски центар Аеродром, ветениот паркинг ќе биде зграда

by А1он06/11/2018 - 16:08436
Share0

Багерите од утрово ударнички се вратија на последната слободна парцела меѓу зградите во Реонски центар Аеродром. По осум месеци стопирање, продолжи изградбата на зградата која требаше да биде паркинг.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во март годинава кога беше оградено градилиштето, жителите од околните згради побараа градежните активности да сопрат и да се најде начин да не се гради зграда на локацијата, туку да се изгради паркинг оти веќе има недостиг од паркинг места во Реонски центар.

Инвеститор на зградата е Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор па жителите се надеваа дека Општината и државата ќе најдат заедничко решение да се заштити просторот. Тие уште во март кажаа дека токму сегашниот градоначалник Златко Марин во предизборната кампања им ветил дека нема да дозволи празниот простор да стане зграда туку ќе се залага тој да се пренамени во паркинг. Од Општината сега велат дека градоначалникот не ветил такво нешто.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Градоначалникот Златко Марин во ниту еден момент не ветил изградба на паркинг – простор на тоа место во Реонски центар Аеродром. Станува збор за земјиште во сопственост на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, кое е и инвеститор на посочената локација. Инаку одобрението за градба е издадено во 2016 година“, изјавија за „А1он“ од Општина Аеродром, но не одогворија зошто не нашле заедничко решение со Акционерското друштво просторот да се пренамени во паркинг.

Од Акционерското друштво не одговорија на прашањата зошто продолжуваат со градење по прекинот од осум месеци и зошто не ги послушале барањата на жителите просторот да се пренамени во паркинг.

Маја Илиевска-Пачемска

aerodrom

Би можело да ве интересира

46-годишна жена е пронајдена мртва во стан во Аеродром

Горан Наумовски18/05/2026 - 13:1618/05/2026 - 14:00

Казна од 20.000 евра за нелегално фрлање отпад во Општина Аеродром

Горан Наумовски11/05/2026 - 11:31

Наставничка е нападната додека држеше родителска од мајка на ученик

Горан Наумовски16/04/2026 - 14:2516/04/2026 - 14:26

Ѓорѓиевски: Сите резиденти на Аеродром ќе може да паркираат на сите зони во општината без надоместок

Горан Наумовски30/03/2026 - 13:27

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Горан Наумовски08/01/2026 - 14:13

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ21/12/2025 - 13:0921/12/2025 - 19:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто