(ВИДЕО) Бачев: Груевски и Заев сакаат демократија само за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Од:

Нарoдното движење за Македонија поднесе иницијатива за оспорување на неколку одредби од Изборниот законик, бидејќи според нив, не се во согласност со Уставот. Тие велат дека според Уставот, секоја партија со самото впишување во регистарот станува еднаква со останатите партии, а со новиот закон, сите партии имаат различен третман во медиумите.

– Она што го слушаме деновиве од Никола Груевски и Зоран Заев дека сакаат фер и рамноправни избори и еднаков пристап на сите партии, тоа е една голема измама за граѓаните бидејќи без разлика што гледаме дека на овие двајца лидери, Никола Груевски и Зоран Заев устите им се полни со демократија, во заднина го прават токму спротивното, напишаа изборен законик во кој што предвидува дека политичко рекламирање ќе има само за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на радиодифузерите, оттука значи дека Груевски и Заев ја сакаат демократијата само за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, вели лидерот на НДМ, Јанко Бачев.

Тој вели дека одредбите се длабоко дискриминирачки и го повредуваат устаното начело за еднаквост и рамноправност, а термините како владејачка, опозициска, мала или голема партија ги нема никаде во Уставот.

– Со успорените одредби се предвидува радиодифузерите за време на изборната кампања на еден час емитувана програма да може да емитуваат 18 минути политичко рекламирање на партиите. И сега од тие 18 минути во закон е запишано дека 8 минути припаѓаат на власта, ВМРО-ДПМНЕ, 8 минути на СДСМ, една минута за партиите во собранието кои што немаат пратеничка група и замислете само една минута за сите останати партии, вели Бачев.

НДМ смета дека ситуацијата со Македонската телевизија и Македонското радио е поинтересна, бидејќи за нив е предвидено од вкупната програма 30 проценти да се емитува дневни вести од Македонија и странство, 30 проценти од програмата на ВМРО-ДПМНЕ, 30 проценти од програмата на СДСМ, а само 10 посто за сите останати партии учеснички на изборите.

Според Бачев јасно дека ќе има избори во април или јуни, најбитно е да се обезбеди еднаков треман на партиите во медиумите, а со тоа, НДМ е спремна во секој момент да излезе на избори.

– Околу избирачкиот список исто така веќе има индиции дека има голем број граѓани кои се запишани, а реално не гласаат во јавноста и не треба тука големи мислења ако се земе предвид дека е незамисливо во Македонија на 2 милиона жители да има милион и осумстотини илјади гласачи, а тоа што охрабрува е дека има цврста волја избирачкиот список да се прочисти и верувам дека ќе се прочисти, вели Бачев.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска