ВИДЕО: Автомобил вози во спротивна лента, избегнати неколку сообраќајни незгоди

Од:

За неполни 15 минути на патот Кадрифаково – Свети Николе биле избегнати неколку сообраќајни незгоди. Автомобил возел во спротивната сообраќајна лента, а возачите кои доаѓале од спротивната насока, морале да излезат од патот за да не се судрат со возилото.

До редакцијата на „А1он“ стигнаа реакции од загрижени граѓани кои возеле зад автомобилот, на безбедна дистанца. Тие случајот го пријавиле во полиција, но велат дека никој не се појавил до моментот на нивното разединување со несовесниот возач.

„За среќа беа избегнати 3 страшни сообраќајни незгоди. Велам за среќа бидејќи возачите во спротивна насока излегоа надвор од пат за да не се удрат. Дали среќата го послужила шоферот и наредниот период не знам.  Она што го знам е дека и по пријава во полиција никој не се појави до моментот кога мојот пат и патот на совесниот шофер од сликите и видеото во линкот подолу се разделија. Дали по страшната сообраќајка на ист начин од пред недела дена кога имаше и загинати лекцијата не се научи?“, реагираат граѓаните, кои не знаеја да ја посочат марката на возилото бидејќи држеле дистанца, но во писмото ги испратија регистарските таблички кои ѝ биле кажани и на полицијата.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Посебен сообраќаен режим на неколку улици во Центар, Аеродром и Ѓорче Петров за Водици

А1он

Рама во Скопје, затворени улици – избегнувајте го овој дел од градот

А1он

МВР: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот

МВР: Значително намалување на бројот на жртви во сообраќајот во 2022, нова кампања за безбедност на пешаците

Семафорите во центарот на Скопје утре нема да работат

А1он