(ВИДЕО) Аврамовска Мадиќ: Гласањето на внатрепартиските избори во СДСМ се одвива непречено, во фер и демократска атмосфера

Од:

Текот на гласањето се одвива во најдобар ред, во една демократска и фер атмосфера, отворени се сите 77 избирачки места а излезноста до 14.00 часот е 28,6%, рече денеска претседателката на Централната изборна комисија, Викторија Аврамовска Мадиќ информирајќи за текот на гласањето на вонредните внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

-Во името на Централната изборна комисија дозволете да информирам за досегашниот тек на гласањето за избор на претседател на СДСМ на вонредните внатрепартиски избори. Денеска, текот на гласањето се одвива во најдобар ред, во една демократска и фер атмосфера. Во осум часот утринава отворени се сите 77 избирачки места. Гласањето ќе трае до 20 часот. Во моментов, пресекот којшто го направи Централната изборна комисија е до 14 часот, од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ, излезени се 6.760 членови или 28.61%. По завршување на гласањето ќе информираме и за резултатите и за вкупната излезност, рече Мадиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски