(ВИДЕО) Аврамоски: Во интерес на граѓаните СДСМ во Кичево ќе настапува самостојно

Од:

Ве известуваме дека СДСМ во советот на општина Кичево ќе настапува самостојно, како посебна советничка група. Работата со советниците на ВМРО-ДПМНЕ е невозможна. СДСМ не може да функционира со советници кои не се оградуваат од политиките на Никола Груевски, за коишто целата јавност слушна дека имаат криминални, тесно партиски цели, вели Слободан Аврамоски, претседател на ОО СДСМ Кичево.

Се додека советниците на ВМРО-ДПМНЕ даваат поддршка на ваквите политики на Груевски, тие работат спротивно на интересите на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ во Кичево е во неформална коалиција со ДУИ и работат исклучиво на исполнување партиски и бизнис интереси.

Сето ова е неприфатливо за СДСМ.

Советничката група на СДСМ се фокусира исклучиво на проблемите со коишто се соочуваат жителите на Кичево и кичевско и во наредниот период интензивно ќе работиме на решенија за справување со нив.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?