Еден од уапсените во синоќешната акција на полицијата е и еден од советниците на советничката група предводена од СДСМ.
Биле уапсени со образложение дека го нарушиле јавниот ред и мир, а биле држени во полициската станица Пролет шест часа. Како што изјави Дарко Атанасовски никој не им објаснил зошто се приведени само им кажале дека така им било наложено и дека ќе седат во полиција додека не одлучат да ги пуштат.
Добиле прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, иако Атанасовски вели дека ништо не правеле и дека тестот покажал дека немаат грам алкохол во нив.
„Ме приеведоа и ме однесоа во полиција. Ме држеа до изутрината со објаснување од полицијците дека така им наредиле да ме пуштат околу шест часот“, изјави Атанасовски.
Меѓу приведените беше и директорот на ПОЦ Саша Богдановиќ кој дошеол пред Бристол поради јавувања на граѓани дека им е оневозможено правото на паркирање. Богдановиќ бил држен во подрумските простории на полициската станица.
Бојан Стојановски