(ВИДЕО) Атанасов: Студенти и професори, еве што местат зад екстерното на факултетите

Од:

Владата на ВМРО-ДПМНЕ јасно тргна во системско уништување на образованието.

Како да беше малку екстерното тестирање во основното и средното образование, од коешто ги видовме ефектите. Само намалени плати на речиси 2000 наставници, рече Петар Атанасов, претседател на Комисија за образование и наука на СДСМ.

Неуспешниот експеримент продолжува врз студентите. Штетата од најавениот напад врз универзитетската автономија и професорската фела овој пат ќе ја платат студентите, со запечатени судбини, и нивните родители од сопствените џебови, додаде тој.

Во продолжение Атанасов рече:

Ништо не е случајно, па ни овој потег на Министерството за образование.

Еве документ. Екстерното тестирање за студентите е испланирано уште летото, во јули, додека вриеше од незадоволство од екстерното во основните и средните училишта.

Владата на Груевски го донела заклучокот на 7 јули. Му наложила на Министерството за образование, во соработка со високообразовните установи и Одборот за акредитација и евалуација да го спроведат овој најнов образовен изум.

Ова е допис од министерот за образование до Интеруниверзитетската конференција со којшто се известуваат универзитетите дека мора да се реализира Заклучокот на Владата.

Ќе објавиме што уште скри Абдулаким Адеми кога го најави екстерното за студентите пред три дена.

-Министерството од факултетите бара да се изберат клучни предмети без коишто не може да се заврши конкретен факултет и тие да се една четвртина од вкупниот број на предмети, и внимавајте

– Министерството бара за ова факултетите да распишат оглас за избор на надворешни евалуатори, кои ќе спроведат екстерна евалуација на знаењето на студентите!

Затоа министерот Адеми најави државен испит по втора и четврта година за студентите.

Со ова Министерството за образование директно гази по академските професори чија работа е да предаваат и да оценуваат.

Со ова власта свесно го доведува во ризик натамошното школување на студентите.

А што ако студентот не положи по четврта година, затоа што така оценил надворешниот евалуатор? Ќе му ја одземете дипломата? Или ќе ги казните факултетите и професорите? Или целта е тоа, уште еден механизам за контрола во образовниот систем?

Каде вие господа министри сте завршиле факултет? Кој толку ве исфрустрирал за вака да се однесувате? Зошто го мразите образованието? Дали знаете дека со овие квази реформи нанесувате непоправливи штети?

Одговорете на јавноста:

Со кого се консултираа Никола Груевски, Спиро Ристовски и Абдулаким Адеми за да и го направат ова на академската заедница.

Со студентите НЕ. Со професорите НЕ. Со граѓаните НЕ.

Владеењето на Никола Груевски се претвори во самоволие и анархија и за жал го продолжува егзодусот на младите од Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

(ВИДЕО) Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата

СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 година е признание за економската неспособност на Владата

Катерина Ѓуровски