(ВИДЕО) Aтанасов: Разнишаниот образовен систем се сруши врз децата

Од:

„Потребно е итно да се деблокира Собранието и да се формира новата реформска Влада, којашто ќе почне веднаш да работи на последиците од катастрофалните образовни политики на досегашната власт.

Во прашање се нашите деца!

Две релевантни меѓународни институции, ОЕЦД и Светската банка излегоа со многу загрижувачки податоци – дека повеќе од 2/3 од учениците на возраст од 15 години се функционално неписмени!

Истовремено, учениците од Македонија покажале меѓу најслабите резултати според светски релевантната организација ПИСА, на тестирањето по наука, математика и читање со разбирање!

Министерството за образование секоја година добива негативни оценки во извештаите на Европската унија дека нема капацитет за големи реформи. Образовните институции се неповрзани и неспособни.

Недостигот на стабилен и сериозен образовен систем се скрши врз грбот на децата кои станаа жртви на неписмените образовни политики на досегшната власт.

Затоа мнозинството граѓани избраа промени и тие мора да се случат!

Во Програмата на новата реформска се предвидени сериозни образовни реформи што посветуваат сериозно внимание на младите и личниот напредок, бидејки тие се движечката сила и моторот на едно општество.

Нашата цел е да воспоставиме современ образовен систем, во соработка со сите засегнати страни, професорите, наставниците, родителите, учениците и по успешен европски модел што одговара на приликите во нашата земја.

Прво, мора веднаш да се отстранат погрешните проекти и штетните експерименти како екстерно тестирање, дисперзирани студии, катастрофални учебници, казните за наставниците и лошите закони.

Второ, мора да обезбеди квалотетна образовна структура што ќе може, ќе нзае и ќе сака да го постави образовниот систем на здрави нозе. Програмата на новата Влада вклучува и нов Институтот за развој на образованието и Центар за обезедување на квалитет.

Трето, образованието треба да дава доволен образовен потенцијал што ќе им помогне на младите да се адаптираат во времето и да се вклучат на пазарот, во согласност со економијата во државата. Тоа ќе го постигнеме со реформа на средното стручно образование.

Над 250.000 ученици во основното и средно образование и над 25.000 наставници и професори со нетрпение ја чекаат новата реформска Влада и таа многу брзо ќе се формира и ќе почне да работи во интерес на сите граѓани“, изјави Петар Атанасов, претседател на Комисијата за образование на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски