(ВИДЕО) Атанасов: Граѓанска држава, наместо различни колосеци и предрасуди

Од:

Едно општество за сите граѓани, кое ќе биде инклузивно за секој поединец без разлика на етничката или верската припадност, беше пораката која што се испрати на денешната дебата за промовирање на петтиот столб од „Визијата за Македонија“.

Говорниците порачаа дека првите четири столба: одговорна власт, праведно распределен доход, пристојна работа и европска иднина, не можат да функционираат ако постојат длабоки поделби по етничка основа.

Што се однесува, пак, до образованието како значаен аспект на петтиот столб, Петар Атанасов, претседател на комисијата за образование на СДСМ истакна дека е нужно мултикултурните вредности конечно да се вратат во образовниот процес.

– Ние ќе се залагаме за воведување на едногодишно бесплатно предучилишно образование, во кое што ќе бидат интегрирани елементи на соживот и толеранција. Јазичните политики исто така треба да претпрпат промени со цел секој поединец да се чувствува вклучен во општеството – рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?