(ВИДЕО) Атанасов: Директорите на училиштата прават кривични дела, да не влегуваат во сценаријата на Груевски!

Од:

„Повикуваме веднаш да престане злоупотребата на ученици за партиски цели и уште посериозно, во протести на коишто се поттикнува и шири етничка и национална омраза!

Тоа што го прават директорите на училишта, под директива на ВМРО-ДПМНЕ е кривично дело и за тоа лично се одговара!

Укажуваме на директорите на училиштата дека е неопходно да најдат сили, да се спротивстават на ваквото разулавено однесување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа не избира ни луѓе, ни средства да ја продлабочи политичката криза, затоа што Груевски и соработниците се само заинтересирани како да се заштитат од одговорност за направените криминали.

Но директорите на училиштата мора да се свесни дека одговорност носат и оние кои се соучесници во против законските сценарија на политичарите во заминување.

Вчера директорот на прилепската гимназија, цела јавност го виде како наложува ученици да бојкотираат настава за да одат на партиски протести.

Такви случаи има и во Битола, Скопје, и во други делови на Македонија, што е недозволиво!
Насочувањето деца, малолетници, тинејџери, кон поделби, омраза, дискриминација остава трајни последици кај нив.

Секој има и индивидуална одговорност тоа да не го дозволи.

Во образованието ќе има суштински промени што ќе ги вратат училиштата на учениците, наставниците и професорите и ќе има настава што ќе осигура зрели и здрави млади луѓе, двигатели на демократскиот развој на Македонија.

Тоа е предвидено во Програмата на новата реформска Влада и досега ќе беше почнато да се реалзизира, ако се почитуваше мнозинската волја на граѓаните.

Затоа, итно е потребно Ѓорге Иванов да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој има зад себе 67 пратенички потписи, со што ќе се овозможи мирен и брз трансфер на власта“, изјави Петар Атанасов, претседател на Комисијата за образование на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно лажеше и остави луѓе да се трујат

Андоновска: Судијката Алексовска Стојановска, која го пушти Васил Јованов убиецот на Фросина во Поправен дом наместо во затвор, во својот дом имаше партиски штаб на СДС

СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

СДСМ: Кандидатот за градоначалник на Виница од ДПМНЕ дел од шумската мафија

Предраг Петровиќ

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија

ВМРО-ДПМНЕ: Kандидати за советници od СДС од Струмица крвнички тепаат странски државјани

Предраг Петровиќ