(ВИДЕО) Арсовски: Зошто Заев не ја намали струјата за 30 отсто, како што ветуваше пред да дојде на власт?

Од:

Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција изјави дека СДСМ ги потценува граѓаните и си поигрува со нивната интелегенција.

– Намалувањето на цената на електричната енергија од само 0,1 отсто е доказ како Зоран Заев го подразбира подобрувањето на стандардот на граѓаните кои што го ветуваше. Сите оние кои плаќале струја по 3000 денари со „огромното достигнување“ на Зоран Заев и со „подобреното работење“ на ЕЛЕМ, ќе плаќаат по 2997 денари, односно за цели 3 денари помалку. На годишно ниво, со ваквиот успех на Владата на Заев, граѓаните ќе заштедат цели 36 денари. Да не беше трагично ќе беше смешно. Меѓутоа, пред неполни две години, истиот Зоран Заев и истиот СДСМ побараа намалување на електричната енергија за цели 30%. Нивниот аргумент беше дека цената на регионалните берзи била ниска и Регулаторната комисија морала да го земе предвид тој факт и да донесе одлука со која што би се намалила цената на струјата за една третина, рече Арсовски.

Тој додаде дека претходно, како што кажа, послушниците на Заев, се подбивале со одлуката за намалување на цената за 0,33 отсто.

– Цената на електричната енергија на регионалните берзи е приближно иста како што била во јуни 2016 година. Згора на тоа ЕЛЕМ се пофали со намалување на трошоците и зголемување на профитот на компанијата. Оттаму, отворено се поставува прашањето зошто Зоран Заев сега не го исполни ветеното, односно не го реализира тоа што го бараше во 2016 година? Граѓаните прашуваат, зошто Зоран Заев не ја намали струјата за 30% како што ветуваше пред да дојде на власт? Каде одат парите кои СДСМ им ги зема на граѓаните? Дали граѓаните ги плаќаат сомнителните милионски тендери за ископ на руда за РЕК Битола? Колку пари ги чинат граѓаните струмичките камиони кои секојдневно влегуваат и излегуваат од РЕК Битола? Колку од овие пари завршуваат во семејството Заеви кои биле сопственици на овие камиони за кои што претходно јавноста можеше да види од нашите прес конференции? Колку од овие пари завршуваат во фирмите донатори на СДСМ како што е Делукс Ауто од Куманово? Уште колку тендери за набавки на возила или скапи неспособни советници ќе плаќаат граѓаните од нивните пари? Време е да се стави крај на лагите, расипништвото и неспособноста на оваа власт. Зоран Заев може да обезбеди подобар живот, но може само за Вице и за криминалниот картел на власт и затоа Зоран Заев мора веднаш да си замине, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад