(ВИДЕО) Арсовски: Се што предложивме како ВМРО-ДПМНЕ од страна на Владата е одбиено

Од:

„И претседателот Мицкоски и ние во неколку наврати потенциравме дека Заев бидејќи се фали дека танцува со целава оваа криза околу коронавирусот, нека продолжи да танцува. Нас повеќе не загрижува она што ќе ни се случи односно танцот со сиромаштијата уништената економија за која што ништо не превземаат СДСМ и се суетни и како што кажа професорот Славевски, не ги прифаќаат нашите предлози. Нас не загрижува исто така загрозеното здравје на граѓаните и докторите како што истакна и професор Игор Николов. Како што знаете се што предложивме како ВМРО-ДПМНЕ од страна на Владата е одбиено, од кој причини се уште не знаеме. Тука не се работ и за политика, но како што гледаме се работи за една суета, а сепак гледаме дека се што ќе предложиме е конструктивно, прифатено од граѓаните и би било добредојдено во надминување на оваа криза.

Можете и самите да видите, би потенцирал само дека неколку пати наназад градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски повеќе пати молеше бараше да има карантин, не го послушаа неговите сограѓани од Владата, вклучително и техничкиот премиер и затоа сега видовме дека вчера и во последните часови кога им се објави пред почнувањето на полицискиот час имаше една невидена хаотична раздвиженост на граѓаните кои што беа затекнати од целата ситуација. А гледаме и дека има се поголема хаварија и гледаме дека Куманово е новото жариште на пандемијата од корона заразата. Како што гледаме денеска има и нови заразени, повеќе од 7, а и голем дел од медицинскиот персонал во болниците“, одговори на новинарското прашања, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Она што исто така не загрижува во однос на танцувањето на Заев и Филипче, а тоа е она местење на тендери и воено профитерство кое што е познато кај граѓаните во период на вонредна состојба и криза. Како што гледаме имаше завчера една изјава на Зоран Заев каде што јавно кажа дека е донесена одлука за набавка на респиратори. Респиратори некаде во вредност од 1,250 милиони евра, 50 респиратори. А вчера видовме дека Владата донесе одлука, односно најверојатно на предлог на Оливер Спасовски и Венко Филипче кои што се во дослух со Зоран Заев да се набават 200 респиратори кои што според нашите интерни информации кои што подоцна можеби ќе бидат потврдени од институциите, најверојатно ќе следува тендер по истиот терк, набавка, како што и претходно сакаа да донесат за респиратори, но овој пат во висина од 4,5 милиони евра која е прилично сериозна имајќи во предвид како заврши претходната набавка која ја прекинаа каде беа фатени дека се обидуваат да профитираат на грбот на граѓаните најверојатно се сомневаме дека на овој начин ќе биде и оваа набавка каде овој пат ќе се профитираат неколку милиони евра од старана на СДСМ и Заев. Ние истакнавме дека нема сега да се поднесуваат кривични пријави за Филипче сега не е време за тоа сега е најважно здравјето на граѓаните и најважно е економијата да заживее. Но, верувајте дека кога ќе помине сето ова доказите се на наша страна се она кое што се сомневаме и го поседуваме ќе биде доставено до институциите да го разгледуваат, а верувајте како што истакна и претседателот Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски никогаш не трула штица така да се што кажавме до сега и обвинивме за криминал беше потврдено неколку пати“, кажа Арсовски.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее