(ВИДЕО) Арсовски: Правдата за „Рекет“ ќе дојде многу брзо по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт

Од:

„Криминалците во Република Македонија си имаат своја држава. СДСМ и Зоран Заев очајно се трудат да ги прикријат трагите од случајот „Рекет“ кои директно водат до нив.

Скандалозна е одлуката за пуштање на веќе осудениот од случајот „Рекет“ – Зоран Милески Кичеец и тоа ни помалку ни повеќе, го ослободуваат пред почетокот на најдолгиот полициски час во најголемата криза со Ковид-19. Очигледно го чекале правиот момент за да го ослободат осудениот Кичеец“, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сега тој е на слобода и како и сите останати што избегаа, односно може да избега кога сака надвор од границите на нашата земја.

Останува уште да се ослободат Катица Јанева од домашен притвор на слобода и Бојан Јовановски алијас Боки 13 да биде пуштен од затвор во домашен притвор и Зоран Заев да биде сигурен потоа дека си го купил мирот за некое време.

Дали Зоран Заев со ослободувањето на Зоран Милески, кој воедно е осуден на неколку годишна казна затвор за случајот „Рекет“ сака да ги прикрие трагите кои водат директно до него? Дали со ова Заев сака да не се шири повеќе истрагата и си купува мир за возврат Милески да молчи и да не ја говори вистината онаква каква што е?

Со што биле уценети Заев и Русковска за да го ослободат Зоран Милески од домашен притвор?

Што може да проговори уште повеќе Зоран Милески, имајќи предвид дека во неговиот исказ директно алудираше на тоа дека Зоран Заев го известил Бојан Јовановски, Боки 13 дека се пријавени во Влада и индиректно го нотираше Зоран Заев за соучесник?

Ова е правната држава на Зоран Заев и СДСМ и може да се види на дело. Ослободување на криминалци и ништо повеќе. За 4 години ги ослободија сите можни криминалци. Оние што се за во затвор се на слобода, а оние што се невини и се за на слобода, гнијат по затворите, само затоа што Зоран Заев и СДСМ така сакаат.

На Заев и СДСМ воопшто не им е важно дали граѓаните умираат или не од корона, ним им е важно единствено да се прикријат трагите од случајот „Рекет“ кои водат директно до врвот на СДСМ и Владата на Зоран Заев.

Правдата за случајот „Рекет“ ќе дојде и тоа ќе дојде многу брзо по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт. Сите инволвирани ќе одговараат“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски