(ВИДЕО) Арсовски: Партиски телохранител именуван за директор на БЈБ

Од:

СДСМ продолжува да ја партизира полицијата поставувајќи на функција кадри кои слепо ќе ги следат партиските нарачки на Зоран Заев и криминалниот картел на власт, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на прес-конференција.

– Денешното именување на Сашо Тасевски за Директор на Бирото за јавна безбедност е уште една скандалозна политичка одлука на СДСМ. Да се постави личното обезбедување на министерот Оливер Спасовски за прв човек на полицијата е деградирање на сите професионалци кои години наназад макотрпно ја граделе својата кариера во министерството и ги ризикувале сопствените животи во борбата против криминалот и за заштита на безбедноста на граѓаните и на нашата држава. Единствено нешто по кое јавноста го памети Сашо Тасевски е неговото каубојско однесување во Собранието кога на очиглед на целокупната јавност вперуваше оружје во граѓаните. Наместо да биде казнет затоа што постапи незаконски и непрофесионално, Тасевски сега е награден бидејќи слепо ги извршување партиските наредби и ја занемари дадената заклетва дека ќе ги почитува Уставот и законите, рече Арсовски.

Тој го цитираше член 43 од Законот за Собрание, кој вели „Одржувањето на редот во зградата на Собранието и во просториите во кои работи Собранието го обезбедува посебна служба. Лицата од посебната служба за одржување на редот во зградата на Собранието на истакното место на облеката носи обележје на Собранието на Република Македонија.“

– Во ставот три од истиот член пишува дека цитирам: „Носење оружје во зградата на Собранието не е дозволено, освен за лицата овластени за одржување на редот во зградата на Собранието.“ Законот е дециден, а Тасевски и неговиот колега наместо да го почитуваат, одлучија да го прашаат Зоран Заев цитирам: „Претседателе дали да пукам“. За жал пукаа и постапија по наредба на цивилно лице кое не ги познава законите и не го интересираат безбедносните стандарди и процедури кои што треба да ги почитуваат овластените лица. Ова веројатно е главната квалификација зошто својот телохранител, Оливер Спасовски си го постави за Директор на бирото за јавна безбедност. Дали можеби дополнителен аргумент за негово именување на оваа исклучително одговорна функција е тоа што заедно со министерот Оливер Спасовски одеше од врата на врата злоупотребувајќи ја службената положба за партиските активности на СДСМ?, праша Арсовски.

Според него, со последната владина одлука, Заев потврдил оти нема намера да отстапи од поставувањето на партиски кадри на чело на полицијата.

– Граѓаните видоа дека тур операторот Лазе Велковски бил на позиција само затоа што бил член и активист на СДСМ. Сега истото го гледаме и со Тасевски. Трагично е тоа што цената на ваквата катастрофална политизација на министерството на крајот ја плаќаат граѓаните со сопствената безбедност и безбедноста на нивните блиски. МВР е во коалиција со криминалот и за само една година го претворија во туристичка агенција, а секојдневно медиумите се поли со убиства, рекет, насилства и запалени автомобили и било каков вид на криминал. Веќе никој не е безбеден на улица бидејќи убијци и насилници се шетаат слободно и продолжуваат да дивеат по улиците. Веќе нема дилеми зошто и после 10 месеци убиецот на младиот Мартин Јанушев е сеуште на слобода. Партиските кадри на СДСМ не се борат, туку го штитат криминалот, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад