(ВИДЕО) Арсовски: Кого кријат и кого штитат МВР, СДСМ и Оливер Спасовски?

Од:

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ и Оливер Спасовски дека се обиделе да скријат убиство, како и дека преку, како што велат, нивните медиумски перјаници се обидуваат да ја манипулираат јавноста дека ништо не се случило.

„Бруталната ликвидација ја квалификуваа како насилство. МВР и Оливер Спасовски грозоморниот чин за малиот 21-годишен, веќе починат, за жал, Никола Саздовски – Саздо, сè уште се обидуваат да го минимизираат. Нема информации во јавноста каде е третиот сторител, ниту дали некој воопшто го бара. Нема потерница од страна на МВР, нема ништо. Кого кријат и кого штитат МВР, СДСМ и Оливер Спасовски. Кому му одговара нарушена безбедносна состојба и меѓуетнички тензии помеѓу граѓаните?

Дали несреќната и тажна судбина на 21-годишниот Никола Саздовски – Саздо ќе биде само уште еден забошотен случај како изминатите 10-ина што јавноста можеше да ги види откако СДСМ е на власт изминатава една година?

На местото на малиот Никола можеше да биде секој. Нечиј син, нечиј внук, нечиј братучед, пријател, другар.

Предупредувавме неколкупати дека Оливер Спасовски не е способен за функцијата на која е поставен, односно министер за внатрешни работи. Предупредувавме дека политиката што ја води СДСМ и коалицијата што ја направи со криминалот и подземјето, наместо да ни донесе живот, таа ќе нè чини живот.

За жал, тоа и се случи изминатава една година. Нивната политика нè чини човечки животи. Никола Саздовски беше момче што, за жал, го плати данокот на животот што ни го донесе СДСМ заедно со криминалот и подземјето. Ова мора да престане и за ова мора да има одговорност веднаш.

Мартин Јанушев беше брутално убиен со огнено оружје пред својот дом. Убиецот е на слобода.

17-годишен член на „Комитите“ беше прободен на постојката кај Рекорд пред само три или четири месеци. Јавноста сè уште не е информирана каква разрешница има случајот.

24-годишно момче беше брутално убиено со 6 куршуми од автомат „калашников“ на улицата Џон Кенеди во скопски Чаир. Јавноста не е информирана каква разрешница има и овој случај.

Убиство и двајца повредени од огнено оружје во Мала Речица, целата јавност го виде тоа. Сторителите, замислете, ќе лежат само неколку месеци за убиство.

Убиство на политичар и носител на листа во Кичево непосредно пред локалните избори. Убиство во кафуле во Струга. Од сторителите ни трага ни глас, ги нема.

Од овие неколку случаи што ги наброив, а се случија за една година, СДСМ не донесе живот, туку ни ги однесе животите на нашите и нечии најблиски.

Родителите се во страв за своите деца. Децата се во страв за својата безбедност. Никој не презема ништо.

Виновникот на целиот овој хаос што ни се случува во моментот во нашата држава, каде што ни гинат човечки животи и деца, има име, а тоа е криминалната банда на СДСМ, на која, наместо да ги заштити граѓаните, поважни ѝ се е личниот интерес, личната политика, поважна им е коалицијата со криминалот. СДСМ е во коалиција со криминалот и го штити криминалот во нашата држава. Во секоја држава има мафија, но со СДСМ на власт мафијата во Македонија си доби држава. Безбедноста е сериозно нарушена и животите на нашите блиски се доведени во прашање.

Оливер Спасовски мора уште веднаш да си поднесе оставка! Оставка, и тоа веднаш! Заедно со сите функционери во МВР што учествуваа во прикривање на случајот и срамната квалификација на ова дело“, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад