(ВИДЕО) Арсовски: Договорот не нуди гаранции дека Македонија нема да биде доведена во ситуација како со предвремената спогодба

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на прес-конференција рече дека Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ изградил став оти договорот за името е исклучително штетен, кој е во апсолутна спротивност со државните и националните интереси на Македонија.

– Овој договор е резултат на дипломатскиот аматеризам кој што го имаат СДСМ. Договорот сам по себе ги одразува грчките максималистички барања. Ваквиот договор предвидува уставни измени кои ќе имаат несогледливи последици по идентитетот на државата и народот. Загрозен е идентитетот, кој сега има пошироко толкување, односно наместо македонци, или македонско, како што е сега, ќе има дообјаснување дека тоа се однесува на новото име на кое Заев се согласил, односно Република Северна Македонија. Ова е договор со кој се подрива суверенитетот на Репубика Македонија. Имаме договор кој што се сака да се изгласа со просто мнозинство, а наметнува промени на уставот кои се гласаат со две третини. Овој нереципроцитетен капитулантски договор истовремено не дава ниту било какви гаранции дека Република Македонија нема да биде доведена во ситуација како со привремената спогодба, односно дури и да исполни се што Заев се обврзал, дека грчката страна ќе се придржува кон него, вели Арсовски.

Тој додаде дека не постои веќе човек во државата кој верува во зборот на Заев.

– Граѓаните со право се чуствуваат измамени од страна на Зоран Заев, кој упорно ги убедуваше дека промена на Устав нема да има, а сега не само што ќе менува устав за промена на уставното име, туку и тоа ќе го прави во сомнителна и противуставна процедура. Тој едноставно не доби мандат за тоа. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите демократски методи овој приватен капитулантски договор на Заев да го спречи. Воедно ги повикувам сите граѓани, незадоволни од капитулацијата на Зоран Заев, незадоволни од договорот кој го постигнал со Ципрас, незадоволни од економското цунами и пустош на владата на СДСМ да ни се приклучат во протесниот марш во Битола. Протестот ќе започне во 13.30 часот, собирното место е пред спортската сала во Битола, низ Широк Сокак се до споменикот на Гоце Делчев пред Домот на културата, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ