(ВИДЕО) Арсовски: Целиот врв на СДСМ е вмешан во случајот „Рекет”

Од:

Целиот врв на СДСМ е вмешан во случајот „Рекет”. Истрагата наместо да се фокусира на обезбедување на докази за инволвираноста на главата на октоподот, Русковска обвинителството шест месеци работи во насока на уништување на трагите кои водат кон Зоран Заев, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

„Уште од обелоденувањето на аферата „Рекет“ целата домашна и меѓународна јавност знаеше за улогата на Фрики во случајот Рекет. За жал не видовме конкретна мерка од страна на органите на прогонот со што уште повеќе се подгеаја сомнежите дека главна цел на делувањето на Русковска е подготвување на терен за спогодување со инволвираните. Очигледно е дека на тој начин ќе се влијае тие да не го посочат нивниот претпоставен, односно главата на октоподот Зоран Заев.

Новото проширување на истрагата е задоцнето и наликува на пресметка на параполициските структури во рамки на СДСМ, упатените добро знаат што збориме. Веројатно проценката е дека со откажување на заштитата на Фросина Ременски, притисокот врз Заев би се намалил.

Фросина Ременски целиот овој период беше оставена да врши надзор над безбедносните служби, а нејзиниот сопруг Јовче Ременски да учествува во селекцијата на кадри за новата Агенција за национална безбедност, иако сите ја знаеја нејзината улога во Рекет.

Љубомир Јовевски бесрамно и очајнички тврдеше пред само 2 месеци дека нема вмешани политичари во случајот Рекет. Денеска потврди дека биле вмешани и политичари и тоа од власта. Што рече порече. Класично обвинителство под контрола на Зоран Заев.

Срамота е што се чекаше шест месеци за конечно некој од раководството и власта на СДСМ да биде осомничен за рекетирање.

Ова што го гледаме не е правда. Ова што го гледаме е фарса и изигрување на правдата со само една цел, главата на октоподот Зоран Заев да
се спаси од прогон заедно со уште неколку пиони од неговата партија.

Следува Обнова на Македонија. Сите што треба да сносат одговорност ќе одговараат за се што сториле пред судовите кога ќе се врати правдата во Република Македонија. Тоа ќе се случи кога СДСМ ќе падне и верувајте дека граѓаните и Република Македонија го заслужуваат тоа.“, наведе Арсовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Обвинителството за пуштањето на осомничениот за нападот врз Сара

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски