(ВИДЕО) Арсовски: Ако оди на избори, Груевски ќе биде шкртнат како партнер со кого не може да се преговара

Од:

Банално е да разговараме за избори кога на тие избори нема да има избор. Со една партија ние не можеме да разговараме за некаков политички натпревар, вели за А1он аналитичарот Петар Арсовски.

Според него, ситуацијата дополнително ќе се искомплицира, а единствено поместување можат да направат меѓународната заедница или иницијативата која ДУИ ја поднесе до Уставниот суд.

– Ако зборуваме за политичката догма на ВМРО-ДПМНЕ, таа е релативно едноставна. Мислам дека во овој момент на неколку оски се одвива тоа, првата е дека во недостаток на друг договор, тој го тера последниот договор, а тоа е избори на 5 јуни. Дополнително мислам дека е во некаков друг процес, ако нема дополнителен политички договор на естетуирање на ситуацијата пред Пржинскиот договор, притисок за оневозможување на работата на Специјалното јавно обвинителство, обезгласување на министрите и дополнителните заменици министри од опозицијата во Владата, недостаток на политички договор и така натаму, така што тие се тие оски во кои што се одвива неговата стратегија. Јас мислам дека тој ита накај ѕид, неодржлива е оваа ситуација на среден рок, смета Арсовски.

Тој вели дека одржувањето на изборите и покрај јасната политичка волја на другите партии, како и на меѓународната заедница ќе ја втурне Македонија во недефиниран период на политичка бејрутизација, а единствен нормален тек е изборите да се одложат.

– Постои едно мислење дека на Груевски би му била покомотна ситуацијата за преговарање по евентуалните избори на 5 јуни. Јас мислам дека ако тој и покрај инсистирањата на меѓународната заедница се уште оди на избори на 5 јуни, тој понатака ќе биде шкртнат како партнер со кого не може да се преговара. Така што од таа позиција нема да има доверба ниту пак кредибилитет да преговара на некаков суштински начин со меѓународната заедница, сепак мислам дека неговата позиција за преговори е подобра сега, кога има нешто добро да испорача во тој договор, вели Арсовски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение