(ВИДЕО) Апостолски: МВР трет ден молчи за нападот врз момчето на автобуската станица Рекорд

Од:

Данијел Апостолоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека безбедноста во државата е загрозена и дека криминалот царува на улиците.

– Со одлука на СДСМ илјадници криминалци беа амнестирани и ослободени. Граѓаните секојдневно се жртви на грабежи, обиди за убиства, убиства, насилства кои минуваат неказнето. Наместо функционерите на СДСМ да направат план како полицијата да се спротистави на криминалот, гледаме срамен театар во кој што Министер, државен секретар и директор за јавна безбедност се среќаваат со полициска службеничка и се обидуваат да ја убедат јавноста дека таа била нападната од пајак возилото, а не од некој партиски насилник. Разочарувачки е што за раководството на СДСМ во Министерството за внатрешни работи поприоритетно е да го заштити угледот на некој партиски насилник, отколку да излезе со информација за напаѓачот кој среде бел ден, во центарот на градот, избоде 17 годишно момче, рече Апостолски.

Тој изјави дека МВР трет ден молчи за нападот на автобуската станица Рекорд, а момчето се уште се наоѓа во болница и неговиот живот е загрозен.

– МВР ниту има откриено сторител, а уште помалку го има изведено пред лицето на правдата. УМС и ВМРО-ДПМНЕ повикуваат органите задолжени за безбедноста на граѓаните, а раководени од СДСМ, да почнат да ја работат работата за која се платени и да го разрешат овој и другите случаи каде што граѓаните се загрозени. Со несанкционирањето на криминалците, СДСМ се промовира во нивен сојузник. Доколку актуелното раководство на МВР не е способно да ги открие и изведе пред суд сторителите, треба да си замине и да остави тоа да го прави некој друг, рече Апостолски.

Тој додаде дека во државата се случува јавашлук, а Спасовски ништо не презема.

– Во Чаир момче беше изрешетано и убиено на автобуска постојка и никој за тоа не одговараше. Убиен беше Дилавер Бојку на плажа во Струга и повторно сторителот не беше фатен. Црната хроника секојдневно е полна со разбојништва во банки, аптеки, менувачници. Едноставно криминалците владеат. Сето ова покажува дека МВР раководено од Спасовски и СДСМ е неспособно да го решава или не сака да ги заштити граѓаните од насилниците, убијците и ограбувачите, рече Апостолски.

Тој рече дека граѓаните гледаат дека живот е дојден, ама само за криминалните структури и подземјето.

– Што треба уште да се случи за некој да превземе мерки да се спречи ова беззаконие кое завладеа со Македонија. Оваа Влада и МВР предводено од Спасовски се директно одговорни за сето ова, рече Апостолски.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ