(ВИДЕО) Апостоловска: Митровски ја задолжи општината со нов кредит од над 1 милион евра

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Сокол Митровски не задолжија нас, граѓаните на Ѓорче Петров  со нов кредит од над 1.3 милиони евра.

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров и градоначалникот Митровски сеуште ја немаат исплатено ни првата рата од кредитот земен во 2010 година во висина од 1.5 милиони евра а веќе не задолжија со нов!

Нов кредит од 1.3 милиони евра за сервисирање на редовни обврски на општината“, изјави на денешната прес-конференција, советничката Радмила Апостоловска, во име на советничката група на СДСМ и коалициските партнери.

„Со ова ново задолжување Ѓорче Петров веќе не е ниско задолжена општина.

Советниците од опозицијата предводена од СДСМ се спротивставуваат на ова ново задолжување на граѓаните.

Откако ја презадолжи државата власта на ВМРО-ДПМНЕ сега ги задолжува и општините, и тоа за тековни обврски кои очигледно не може да ги сервисира.

Ова е уште еден показател дека власта на Никола Груевски е зависна од задолжувања и продолжува да ги задолжува граѓаните на Република Македонија со незапирлива динамика.

Сметката за неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ, за жал, ќе ја плаќаат и идните генерации“, рече Апостоловска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојковска: Стојкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче предвиделе 5,5 милиони евра од згради, нула за градинка, училиште и гаража

Левица: Ѓорче се распаѓа под тежината на урбаната мафија и институционалниот молк

Две жени се истепале пред продавница во Ѓорче Петров

Скопјанка пријавила обид за киднапирање, жена се обидела да ја грабне ќерка и

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Блокиран сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје