Ако некој треба да одговара, треба да одговара Груевски за кршење на Уставот, ако тој одговара, ќе одговарам и јас, рече сопственичката на МИТ Универзитет, Билјана Апостолова.
– На Никола Груевски му верував дека се залага за образованието. Му посочував дека Оливер Анодновски и Спиро Ристовски вршат ужасна пресија да не се даде акредитација на МИТ, рече Апостолова.
Таа истакна дека освен тоа, во писмата и пораките то Груевски навела и за проблемот со Науноски, дека малтретира студентки и колешки.
– Во комисијата за акредитација имаме магистер по јавно здравство, советник на тогашниот премиер во владата. Дали тој може да одлучи дали елаборатот е соодветно направен. Ако некој треба да одговара за она што се случува во МИТ и другите Универзитети, треба да одговара премиерот за тоа што тој направи со формирањето на таква комисија, ако тој одговара, тогаш ќе одговарам и јас, рече Апостолова.
Таа кажа дека се што дал писмено и во телефонски пораки е направено и смета дека МИТ е излажан од страна на Груевски.
– Упадот во МИТ заврши синоќа околу 22 часот. Акацијата започна во 7:30 часот во сите кампуси на Универзитетот, полицијата влезе во мојот дом, во домот на моите родители и во еколошкиот кампус во Македонски Брод. Причината зошто и по кој налог се дојдени се уште не ми е позната, тоа се од неофицијални работи. Во мојот стан бараа пари, беше претресено буквално се, но не најдоа ништо. Од мојот дом беа однесени одредени списоци, нефомрлана документација во која секој менаџер го надгледува работењето, списоци за идни студенти на МИТ, рече Апостолова.
Таа нагласи дека вработени од МВР без координација со Обвинителството изнесе списи за одземените материјали кај некои медиуми.
– Налогот за мене беше за злоупотреба на службена должност. Јас сум генерален директор на МИТ, преку основачот и сопственик на Универзитетот. Што злоупотребив ќе каже обвинителството. МИТ во 2014 година поднесе барање за акредитација на неколку нови факултети. Според законот за високо образование во рок од 60 дена треба да се даде решение во кој што ќе се каже дали Универзитетот треба да добие позитивно или негативно решение. Сега сме 2016 година, МИТ се уште нема добиено решение соодветно на законот, рече Апостолова.
Александар Тодески