Доколку дојде до легализација на канабисот повторно ќе профитираат само две веледрогерии, што е во целосна контрадикција со тврдењата дека канабисот нема лековите својства, но кога ќе се стави желатин тогаш одеднаш е лековит, вели Илија Џон Апелгрин од невладината „Канабис Клуб“.
Тој вели дека нема да прифатат било каков предлог затоа што министерството за здравство манипулира со дебатите кои ги прави.
– Веќе не постои дилема дали ќе се легализира, тоа мора да се стори, зашто идната година сите земји во Европската Унија ќе имаат легализирано канабис, само ние не, ќе бидеме последни како што сме секогаш, освен што сме први во економија, вели Апелгрин.
Либерално Демократската партија и Либералната партија се залагаат за легализација на канабисот, средбите, дебатите и тркалезните маси се во насока на изнаоѓање на законско решение со кое би биле сите задоволни, вели тој.
Според него, економскиот бенефит на државата би бил огромен и кога би се дозволило пациент да одлучи дали ќе се лекува од канабис, бенефитот би се мерел во илјадници евра, а доколку може слободно да се купи, и има акциза, државата повторно би заработувала.
– „Канабис Клуб е создаден спонтано, од луѓе кои имаат идеја за целосна легализација на канабисот. Почнавме некае во месец март преку форуми на интернет, а ќе постиме додека не се изнајде решение за целосна легализација на канабисот, вели Апелгрин.
Според него, граѓаните гелдаат поволно на организацијата, бидејќи кога се работи за здравје тоа секогаш привлекува внимание кај луѓето.
Александар Тодески
Виктор Јованов