ВИДЕО: Антикорупциската платформа на СДСМ се вика М.И.Ц.К.О

Од:

Антикорупцискиот тим на СДСМ – АКТ денеска ја претстави новата дигитална платформа за борба против корупцијата и организираниот криминал, соопшти генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ.

Станува збор за Македонски Истражувачки Центар за Корупција и Организиран Криминал – МИЦКО, достапен на веб-страницата www.micko.mk, којa, како што велат од партијата, има за цел истражување, анализа и архивирање на јавно достапни материјали поврзани со наводни корупциски случаи во државата.

„Платформата собира, анализира и систематизира информации од различни извори со цел да се обезбеди поголема транспарентност и информираност на јавноста“, изјави Димитријевиќ.

Според најавите, МИЦКО ќе се фокусира на длабинско истражување на тендери, медиумски објави и случаи на корупција, вклучително и судири на интереси и сомнителни операции во политиката, јавниот сектор и институциите на локално и централно ниво.

Платформата ќе функционира и како архивски регистар на наводни случаи, со наведени извори, датуми и релевантни детали, што ќе овозможи полесен пристап и пребарување за граѓаните, новинарите и истражувачите.

На МИЦКО веќе се објавени досегашните случаи обелоденети од АКТ, меѓу кои:

случај со фирма со двајца вработени, основана минатата година, која добила тендери вредни околу 9 милиони евра,

случај со компанија која добила 161 тендер во вкупна вредност од 5,3 милиони евра,

како и случајот со преземањето на Алта банка, за кое СДСМ тврди дека е дозволено од НБРМ под сомнителни околности и со сомнителен капитал.

Од денеска платформата е активна и целосно оперативна, а од СДСМ упатија повик до граѓаните, невладините организации, новинарите, медиумите и истражувачите да се вклучат и да дадат придонес.

Платформата овозможува и директно пријавување на корупција и криминал, со можност за прикачување документи, при што пријавите можат да се поднесат и анонимно.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски