(ВИДЕО) Ангелова: Фатмир Дехари од Кичево е срам за сите жени во Македонија, злоупотреба, понижување и срамен молк од ДУИ

Од:

Во медиумите излегоа аудио снимки од кои се слуша како Фатмир Дехари наместо да биде градоначалник и да ја користи општина Кичево за добробит на граѓаните, тој сексуално ги малтретира и се изживува врз вработените. Овие снимки се скандалозни, а односот на Дехари на нив понижувачки за секоја жена. Ова не е само навреда кон жените во општина Кичево, туку и кон сите жени во Македонија – без разлика дали се Албанки, Македонки, Турчинки, Влаинки или од која било друга заедница. Ова е срам за целиот наш мултиетнички мозаик, за секое семејство што воспитува ќерки со почит, труд и достоинство, изјави Емилија Ангелова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ваквото однесување не е дел ниту од една култура, ниту од верата, ниту од традицијата. Тоа е срам и мора да биде осудено од сите: и Албанци и Македонци и секој чесен граѓанин на Кичево, односно на Македонија. Од аудио снимките се слуша како жените вработени во општина Кичево се принудувани да го бакнуваат градоначалникот Дехари, и со големо гадење да кажат дека му седнуваат в скут.

Ова е скандал, и изживување врз цел еден колектив и сите жени. Зарем до тој степен е падната ДУИ, да за вакви луѓе води кампања за повторен мандат? Дали традицијата и почитта кон жената за ДУИ се небитни? Која е пораката до сите жени и до семејствата?

Дехари малку од повеќе се има заиграно со политиката и со градоначалничката позиција, но тоа не значи дека ова треба да се премолчи и да се толерира. Кичево и кичевчани не заслужуваат ваков третман на албанките или генерално – ниту една жена не смее вака да биде третирана на работното место. Дехари мора да си поднесе неотповиклива оставка и да се повлече од политиката.

Истовремено прашуваме:

Дали жените од ДУИ ќе реагираат на ова?
Дали дискриминаторска комисија ќе отвори случај за ваквиот полов дискриминирачки однос?
Дали Али Ахмети ќе го толерира својот миленик кој се изживува со жените вработени во општината?
Ова не смее да помине без широка општествена осуда. Ова не е 18 и 19 век, жените не се робинки или сопственост нечија, тие се нечии мајки, ќерки, жени, деца. Ниту тие, ниту нивните семејства го заслужуваат ова.

Ги повикуваме сите партии да реагираат, сите институции, здруженија за заштита на жените, но пред сè ЈО за организиран криминал, најблискиот другар на Ахмети да даде став, рече Ангелова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ленче Ристоска, поранешната „ѕвезда“ на пропаднатото СЈО, последна има право да зборува за плати, правда и морал

Николовски: Изградба на рекреативен градски парк и реконструкција на улици во Кратово

Тоневски: Пробиштип ќе добие нова населба за млади брачни парови, градски базен и Дом за стари лица

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“, што крие ЈО и дали Коцевски го штити Спасовски?

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови

А1он