(ВИДЕО) Ангелов: Пожарот на планината Серта се приближува кон селото Калањево, но селото не е загрозено

Од:

Пожарот на планината Серта се приближува кон селото Калањево, но селото воопшто не е загрозено, рече вечерва директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во видео изјава, појаснувајќи дека станува збор за викенд населба.

– Кон оваа позиција се упатени два хеликоптера на МВР, многу набрзо ќе почнат со дејство. Ќе се обидат да воспостават делумна контрола и уште поточно, да го оспорат овој голем пожар на планината Серта, нагласи Ангелов.

Тој појасни дека има денеска повеќе од десет сериозни пожари, повеќе од десет градоначалници бараа воздушна поддршка.

– И покрај помошта од странство, ние немаме такви капацитети да ги покриеме сите барања. Затоа апелирам да дадат се од себе и преку копно да ги совладаат пожарите. Секаде каде што има можност, да се прават таканаречени противпожарни пресеки, со орање со трактори, булдожери и други машини. За пожарот да не се пренесува, додаде Ангелов.

Тој рече дека во овој момент има уште неколку сериозни пожари. Како посериозни ги спомена и тие во кавадаречко Шивец и росоманско Сирково.

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип