На протестот на кој граѓаните вечерва бараа оставка од министерот за здравство Никола Тодоров, беа присутни и лекари. Доктор Ангелчо Андоновски смета дека свеста кај луѓето треба да се разбуди за тоа дека и лекарите имаат проблеми за кои нема од каде да побараат решение.
– Нема помош од местото од кое требаше да дојде, ниту пак некој сака да работи на решавање на проблемите и да управува со здравството во државата. Очигледно е дека тие луѓе кои воопшто немаат никаква свест и не сакаат да помогнат на фелата што го лекува народот, тогаш не треба да се на тие места. Смената на министерот е добар почеток за разрешување на состојбите, вели доктор Андоновски.