(ВИДЕО) Андоновски: Мора да има правда и одговорност

Од:

Не ни помислував дека Македонија ќе дојде до тој степен каде што ќе имаме новинари коишто прават списоци за предавници, каде во Министерството ќе се прават списоци на подобни и неподобни автори, каде уметници, наместо да се борат за слобода, ќе повикуваат на гумени куршуми врз сопствениот народ, каде ќе има „спонтано“ собрани граѓани кои ќе ги чистат трагите на слободата, вели писателот Петар Андоновски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Андоновски, првата книга – финалист за Роман на годината, втората – добитник на наградата, но сепак изостана поддршката од Министерството за култура за нејзиното издавање. Ве сметаат за неподобен уметник или нешто друго е во прашање?

Не знам дали ме сметаат за подобен или неподобен и не знам дали тоа беше некоја лична пресметка со мене или се работеше за нешто сосема друго. Сепак, и покрај тоа што мојот прв роман беше во финале за Роман на годината и ги имав сите услови за да ги добијам финансиите од Министерството за култура, сепак не ја добив поддршката од непознати причини, но она што особено ме изиритира и мене и мојот издавач беше сознанието што го имавме дека сум добил финансии од комисијата, но подоцна, кога списокот отишол „некаде горе“, сум бил исфрлен од списокот. Можеби тоа не е некоја лична пресметка со мене, но факт е дека сум бил исфрлен за да биде ставен некој што е подобен.

Во двете книги обработуваш општествени теми, во првата следењето на движењето на луѓето, во втората состојбите во судството. Колку реалноста е инспирација за нивното пишување?

Сето она што секојдневно го гледаме, го доживуваме, случајно чуените муабети во автобус, на автобуска станица, во кафуле, сето тоа некако си го наоѓа патот, на некој начин тоа се рециклира и не знам дали ние ги избираме темите или тие нè избираат нас, но сите ние го пишуваме она што најблиску го чувствуваме, така што не би можел да кажам дека е сосема случајно тоа што сум го напишал.

Би можело да ве интересира

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

А1он

(ВИДЕО) Зеколи: Немаме капацитет за излез од кризата без странска помош

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Пировска: Закони имаме, ама треба да се спроведуваат

Емир Латифовиќ