(ВИДЕО) Андоновски: Македонија е на европското дно според можност за напредок на младите

Од:

Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите кажа дека Македонија е на европското дно според можност за напредок на младите.

– Според истражувањето на Европскиот младински форум, достапно на нивната веб страница, можностите за напредок на младите во Македонија се рангирани на очајното 49-то место и со тоа на дното на Европа. Пред Македонија се рангирани сите земји од соседството вклучувајќи ги Албанија, Црна Гора, Србија и Бугарија, но и Еквадор, Грузија и Ерменија. Според овој извештај, Македонија најслабо е оценета за квалитетот на амбиентален воздух, има БДП ранк од 76 од 154 земји, намалени политички права и недоверба на младите во полицијата, како и младинска невработеност и млади надвор од образовниот процес, рече Андоновски.

Тој додаде дека статистиките покажуваат оти од Македонија се иселуваат високообразовани млади лица, а најбројни се лекарите, инженерите, информатичарите и уметниците.

– Затоа ги прашуваме Владата и институциите зошто младите се иселуваат доколку дојде животот во Македонија? Кој ги лажеше младите со празните флоскули, младинска гаранција, права на младите, слободи и човекови права? Со последните информации од Државниот завод за статистика за слаб раст на бруто домашниот производ од 0,1%, падот во градежништвото и капиталните инвестиции, како и најавата за зголемување на даноците, очекувањата на младите се се понегативни. Сепак ВМРО-ДПМНЕ ги повикува младите да не се обесхрабруваат, затоа што доаѓаат подобри времиња. Ние изработуваме програма која потекнува од потребите на младите луѓе. Оваа програма нуди решенија, а не празни политички флоскули, рече Андоновски.

Тој рече дека за зголемување на инвестициите и отворање на нови работни места, предвидуваат дополнителни даночни олеснувања за сите компании кои ќе вложат во својот развој.

– За спречување на одливот на млади и образовани кадри од нашата држава, ние секоја учебна година ќе дадеме директна понуда за вработување на 500 студенти. Наместо омаловажување на образовниот кадар, ние во текот на нашиот мандат ќе инвестираме во образована иднина и ќе обезбедиме покачување на примањата на просветните работници за 50%. Ние нудиме перспектива на младите да останат да работат и да успеат во Република Македонија. За нас секој млад човек е важен, рече Андоновски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место