(ВИДЕО) Андоновска: Со измените на Законот за медицински студии СДСМ ја ускратува можноста лекарите да се усовршуваат во странство

Од:

Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека СДСМ ги уназадува медицинските студии во Република Македонија и не враќа назад во минатото бидејќи со новиот Закон за медицински студии тие им ја ускратуваат можноста на лекарите да добијат поголемо знаење и пракса која им беше овозможена во странство.

– Со измените кои ги прави владата на СДС се исфрлаат одредби од Законот од 2013 година кој го донесе ВМРО-ДПМНЕ со кој се правеше обука и дообразување на лекарите во странство. За еден доктор да биде добар и успешен не треба само да има теоретско знаење туку потребно е и големо практично знаење, а тоа на лекарите им беше овозможено со досегашниот закон. Досега 2.600 лекари беа испратени на континуирано медицинско дообразување во странство и имаа шанса да добијат знаење во високи светски медицински установи и да учат од најдобрите светски специјалисти, рече Андоновска.

Таа додаде дека освен тоа со финансирањето на овие обуки надвор од Македонија нашиот здравствен систем се штитеше и од Фармацевтските компании и од одредени притисоци.

– Владата на СДС со овој потег го уназадува македонското здравство и има намера да создава здравствени работници кои ќе имаат дефицит на знаење, а ќе имаат диплома. СДС создава тотален хаос во македонското здравство кој мора да биде запрен што поскоро. Овие несериозни политики на СДС во македонското здравство граѓаните ќе ги казнат на 15-ти октомври, рече Андоновска.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески