(ВИДЕО) Андоновска: Граѓаните на Ѓорче Петров подолго време молат да се преземат мерки за расчистување на депонијата

Од:

„Ѓорче Петров се гуши. Ги рушиме сите рекорди на загаденост, а ја добивме и најголемата дива депонија во Скопје. Градоначалникот Наумовски наместо да ја расчисти, директно помага во создавањето и ширењето на депонијата.

Граѓаните на Ѓорче Петров подолго време апелираат и молат да се преземат мерки за расчистување на депонијата. Веќе се одржаа два протести, а сепак Наумоски остана глув на нивните барања. На 7-ми декември Александар Наумоски во обид да се извади за својата неспособност, издаде соопштение во кое директно ги обвини граѓаните дека тие се главни виновници за настанувањето на таа депонија“, рече Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес пред јавноста ќе презентираме видео доказ кој ќе биде доставен до медиумите во кој се гледа товарно возило марка Мерцедес како влегува на депонијата и таму го фрла отпадот.

Возилото е со регистарски таблички СК 430 СХ, во сопственост на Општина Ѓорче Петров.

Нема ништо од споменатиот чувар, ниту од наведените санкции. Рампата се крева, а отпадот нелегално се фрла.

Лицемерниот Наумоски се обиде да ја изманипулира и обвини јавноста, а во оваа видео снимка директно се гледа дека по негова насока и дозвола се полни оваа депонија поради која е загадена цела општина Ѓорче Петров. Нема поголем апсурд и лицемерие од тоа да дадеш слободен ден на администрацијата да го чисти ѓубрето, а останатите 364 дена ти да ја трупаш депонијата која претставува канцер на нашата Општина.

Оваа видео снимка е директен доказ дека Александар Наумоски лажеше.

Се прашуваме, дали овој човек кој неколкупати е фатен во своите лаги ќе има малку доблест и ќе си поднесе оставка?

Има ли вистина во тврдењата дека одредени компании блиски до власта, плаќаат “под рака” за да можат да го одлагаат отпадот во депонијата во Ново Село?

Наместо да им се заканува на граѓаните со санкции, треба добро да размисли за своите постапки, бидејќи тој ќе биде санкциониран за сите лаги и криминали што го има сторено, веднаш откако ќе завладее правдата во Република Македонија“, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Скопјанка пријавила обид за киднапирање, жена се обидела да ја грабне ќерка и

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Блокиран сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје

(ВИДЕО) Стојковска: Парк или депонија во Ѓорче, потенцијална еколошка закана по здравјето на луѓето?

Ана Ололовска

Стојкоски: Нови инфраструктурни проекти до крајот на летото во Општина Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Започна решавањето на проблемот со бездомните кучиња во Ѓорче Петров

Ана Ололовска