(ВИДЕО) Андоновска: Дали на повидок е нов скандал со уништување на корисен инсулин во земјава?

Од:

Имено инсулинскиот скандал во кој се вклучени министерството за здравство Венко Филипче, Агенцијата за лекови и медицински помагала, дирекцијата за стокови резерви се состои од уништување на инсулин чиј што рок на користење е сеуште употреблив, рече Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

„Имено согласно информациите до кој дојдовме на 5 декември, пред два дена е извршено уништување на над 1 тон и 200 килограми инсулин, од кој речиси половина тон од инсулинот кој е уништен, а чија што пазарна вредност може да достигне од 1.5 милиони евра е со валиден рок на употреба до месец јуни наредната година.

Значи нашите непотврдени информации говорат дека е уништен употреблив инсулин чиј рок на траење не е истечен, во висина од 1.5 милиони евра.

Оттука се наметнуваат следниве прашања и дилеми:

Дали причината зошто се уништува инсулин кој е со не истечен рок на траење е поради фактот што треба да се распише нов тендер кој ќе обезбеди солидна заработка за магнати блиски до власта?

Доколку ова е точно кој ќе ја сноси одговорноста што врз буџетот се прави штета приближно од 1.5 милиони евра?

Која е вистинската причина зошто се дава одобрение за уништување на инсулинот кога се знае дека тој има валиден рок на траење уште повеќе од половина година?

Дали со овој инсулински скандал некој сака да заработи на грбот на граѓаните?

Дали инсулинскиот скандал во кој се уништени половина тон инсулин со валиден рок на траење, треба да обезбеди нов милионски тендер за власта?“, праша Андоновска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот