(ВИДЕО) Андонов: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Курто Дудуш

Од:

Оливер Андонов од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека СДСМ ги спровеле најкриминалните избори во независна Македонија и дека нивните кандидати за градоначалници ја искористиле секоја можна прилика да влијаат на изборниот резултат.

– Еден од еклатантните примери на предизборни манипулации и сторување кривични дела е кандидатот за градоначалник од СДС за општина Шуто Оризари и пратеник во Собранието на Република Македонија, Курто Дудуш. Овој човек со цел да влијае врз одлуката на гласачите во континуитет стори или беше соучесник или пак поттикнувач на повеќе кривични дела. Првото недело кое го направи беше промовирањето на СДС за моќ во државата која ќе одлучува за животот и нормалното функционирање на граѓаните, како и прогласувајќи ја партиската книшка од СДС за закон и документ за влез во сите институции. Понатаму, овој човек ниту збор не изусти за насилството врз неговиот противкандидат на локалните избори, ниту збор на сочувство, хуманистички пристап, а не пак јавна политичка осуда на насилниците. Токму спротивно, Курто Дудуш, како и неговите ментори Заев и Спасовски кои се сликаа со насилниците го поддржа насилството не изустувајќи ниту збор. Својата пирова победа, фалсификувана победа Курто Дудуш ја прослави преку загрозување на личната и јавната безбедност кога неговите поддржувачи со стрелба од огнено оружје ја прославуваа лажната победа. За сето ова иако имаше непобидни факти, документи и сознанија, Спасовски не најде за потребно да ја ангажира полицијата и досега македонската јавност да знае кој тоа ја загрозуваше личната и јавната безбедност на граѓаните и по чија наредба. Како продолжеток на загрозувањето на безбедноста на граѓаните, Курто Дудуш, неовластено поставил сообраќаен знак на скопската обиколница, а го оштетил постојниот, со што предизвикал забуна кај учесниците во сообраќајот и ја загрозил безбедноста во сообраќајот на патиштата, и целото дејствие го фотографирал, како впрочем што се направија само документирање и на претходните кривични дела, а сликите ги објавил на неговиот фејсбук профил. Сликите објавени на профилот на Дудуш можете да ги погледнете во продолжение, рече Андонов.

Тој рече дека Дудуш се гледа само себе и својот комодитет, додека интересот на граѓаните му е на последен план.

– Во таа своја намера сесрдно се поддржани од Заев и Спасовски, а во аспект на неказниво однесување и сторување на кривични дела кои ја загрозуваат личната и јавната безбедност на граѓаните во повеќе аспекти. Имајќи ја во предвид тежината на кривичното дело и штетата која можела да се предизвика и е предизвикана во сообраќајот, како и манипулацијата извршена врз гласачите, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Курто Дудуш, за сторено кривично дело Загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство според чл.298 сст.1 од КЗ на Република Македонија, вели Андонов.

Тој додаде дека СДСМ и нивните партиски активисти во државните фотелји извршиле редица кривични дела со цел поништување на волјата на народот и дека во текот на овие избори се послужиле со редица кривични дела како изборен поткуп, уцени и закани, но и полнење на кутии со методот на бугарски воз, а истото е забележано и од страна на меѓународните набљудувачи ОБСЕ и ОДИХР, работи и факти кои беа премолчени од ДИК и институциите под целосна контрола на СДС.

– ВМРО-ДПМНЕ ги следеше законските прекршувања и целиот криминал сторен со цел изборна победа на СДС, нерегуларна изборна победа и истиот е нотиран и за истиот се собрани бројни докази, за што ќе следат и низа кривични пријави, од кои една е токму оваа што ја спомнавме денес. ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека секој што го прекршил законот ќе одговара. Одговорност мора да има и ќе има, без разлика што одредени прекршители, односно сторители на кривични дела моментално можеби се заштитени од криминалната власт на СДС, рече Андонов.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ