ВИДЕО: Американска донација од над 500 илјади долари за МВР

Од:

Техничка опрема во вредност од 510 илјади американски долари донираа денеска САД за македонското Министерство за внатрешни работи во рамки на Програмата за контрола на извоз и гранична безбедност.

Македонската полиција доби две комби возила со мобилни единици за детекција на радијација, патролен чамец, теренско возило за полициската единица за службени кучиња и еден уред за обработка податоци.

Донацијата беше доделена денеска на свечена церемонија во Министерството за внатрешни работи, на која присустуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и американскиот амбасадор Џес Бејли.

Средствата, како што посочи Спасовски, веднаш ќе бидат ставени во функција во соодветните организациони единици на МВР, а ќе можат да ги користат и други надлежни институции во државата, како што е царинската управа.

-Од почетокот на воспоставување на граничната полиција во МВР во 2004 година, односно од почетокот на концептот на интегрираното гранично управување САД преку оваа Програма се најсилниот патрнер и поддржувач на реалното организациско, професионално и техничко етаблирање на граничната полиција, рече Спасовски.

Напомена дека преку програмата не само што се доделени стотина донации во разновидна техничка помош, туку и стручна и професионална едукација и обука на полициски службеници на граничната полиција.

Амбасадорот Бејли додаде дека помошта што САД досега преку оваа програма и ја доделиле на Македонија изнесува над девет милиони долари.

-Програмата за контрола на извоз и гранична безбедност во соработка со Министерството за енергетика на САД ја обезбедува оваа донација за да ги подобри капацитети на МВР, на царинската администрација и Дирекцијата за радициона безбедност, професионална гранична контрола и операции за внатрешна безбедност, рече Бејли.

Американскиот амбасадор нагласи дека обезбедувањето на границите е од основно значење на безбедноста на државата и регионот.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ