Наместо политички пораки, циркуз. Главна ѕвезда на митингот во Охрид беше Амди Бајрам во бунда-опозицијата се предавници, а Шарените ги нарече педофили и наркомани. Само Никола Груевски е во ред.
-Се знае на кого ќе му ја дадеме да ја води државата, Никола Груевски, со тоа само може напред да одиме, Македонија тоа го бара, Македонија бара како овој наш премиер кој беше во Република Македонија и пак ќе стане премиер. Ќе му го дадеме пак мандатот да го води, пак да ја води Македонија, рече Бајрам кој ја забавуваше публиката и очигледо беше смешен за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.
-Кој тие шарени бе, кој тие се што упропастија бе? Тие ли ќе ја водат Македонија бе? Наркомани ли ќе ја водат Македонија? Педофили ли ? Абе ваков народ ќе ја води Македонија ова, овие овдека што се, рече Бајрам покажувајќи кон кандидатите на избирачките листи на ВМРО-ДПМНЕ.
На минатите избори вадеше моркови од џеб, сега Бајрам најави дека за централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ спрема кафез за Зоран Заев како би му покажал каде му е местото.
-Специјален кафез спремам со еден зајак од три метара висок, ќе го донесам на бина на најголемиот митинг и ќе му покажам кај се наоѓа тој зајко, каде му е место. Таму му е местото, а не да биде премиер на Македонија. Каков премиер какви бакрачи, рече Бајрам.
Виктор Јованов