(ВИДЕО) Амбасадорот Бејли: Политичките лидери да ги стават интересите на државата над партиските политики

Од:

Со Охридскиот рамковен договор се признава дека стабилноста и успехот на македонската држава се резултат на нејзината разновидност, рече американскиот амбасадор Џес Бејли на денешната конференција посветена на 14 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

– Постои консензус дека овој документ останува незаменлив и основен договор за Македонија. рече амбасадорот Бејли.

За да се надминат предизвиците на ваквите општества, политичките лидери треба да се посветат на ставање на интересите на државата над нивните партиски политики и јавната администрација. Граѓаните мора да бидат активно вклучени во овој процес за да обезбедат поголема отвореност, вклученост и транспарентност во македонското општество и институции.

– Она што е суштинско во Охридскиот рамковен процес е тој да продолжи. Овој документ да продолжи да ги инспирира граѓаните и лидерите да ги остварат вредностите кон кои се стреми договорот: толеранција, почитување на различноста и целосна вклученост. Денес, Македонија поминува низ уште една криза што е предизвикана од слабоста на демократските институции и наводите за злоупотреба на власта. Политичките партии поддржани од ЕУ, на 2 јуни, донесоа договор за ослободување и овозможување на поголема независност и баланс во медиумите, за проверка на правилното функционирање на администрацијата. И повторно како и во 2001- та година, со кризата доаѓаат и можностите. Во 2001 година избегнавте потенцијално ужасна граѓанска војна, конфликт кој можеше да ги разурне и соседните држави. Истото лидерство и напор и политичка храброст се потребни и денес. Спроведувањето на овие неодамнешни договори е она што ќе ја турка Македонија напред кон посветла иднина, како просперитетна, отпорна, мултиетничка демократија на пат кон целосна интеграција во НАТО и ЕУ, рече амбасадорот Бејли.

Би можело да ве интересира

Русија би можела да остане без банани

А1он

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Војната во Украина ќе предизвика криза со снабдувањето на млеко, предупреди Ковачевски

Орце Костов

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

Орце Костов

Започна лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска