ВИДЕО: Амасадорите на ЕУ и САД во недела ќе го следат гласањето во Центар

Од:

По средбата во скопскиот ресторан Пелистер на Андреј Жерновски со амбасадорите на Германија, Холандија и Шпанија, тој изјави дека е добро што се наоѓаат на иста страна, на страна на демократијата и на почитување на демократските стандарди.

„На нивно барања, а тоа е нивна порака, амбасадорите на ЕУ и САД во недела ќе бидат на избирачките места во Центар, и се со цел да има избори како што доликува на една земја која што сака да стане полноправна членка на Европската Унија.

Жерновски се надева дека во недела ќе имаме подобри избори и конечно власта ќе го признае поразот во Центар. И ЕУ и САД знаат точно како се гласаше и што се случуваше со жителите од Пустец.

Вчера Андреј Жерновски имаше средба и со амбасадорот на САД Пол Волерс.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар