ВИДЕО: Алијанса за позитивна Македонија ја потпиша Платформата и бара фер и регуларни избори

Од:

„Алијансата за позитивна Македонија е партија од либералниот центар со граѓанска опција, којашто на последните парламентарни избори во коалиција заедно со Партијата на пензионерите освоивме околу 11.000 гласови, за жал не успеавме да добиеме пратеник, поради, за нас дефектниот изборен модул и систем што постои во Република Македонија, за што во август месец баравме повеќе партии од центарот да се промени изборниот модул, за што добивме и поддршка од претседателот на СДСМ Зоран Заев и од целата политичка партија“, рече Рубин Земон, претседател на Алијанса за позитивна Македонија.

„Ние во текот на целата оваа криза мислам дека дававме конструктивен придонес како да се разреши, во интерес на сите граѓани на Република Македонија. За жал, за нас веќе очигледно пржинскиот Договор е мртов во оваа ситуација. Ништо од тие препораки на Прибе не е исполнето, ништо од Венецијанска комисија не е исполнето, да не зборувам за препораките на ОБСЕ и ОДИХР.

Според тоа, мислиме дека ако се одржат избори на 5-ти јуни во вакви услови, тие избори нема да се фер, демократски и кредибилни, што е нели еден од предусловите за европската перспектива на Македонија и поради тоа ги повикуваме сите граѓани,  во вакви околности и услови да не излегуваат на избори“, изјави Рубин Земон, претседател на Алијанса за позитивна Македонија.

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата