ВИДЕО: „Алфите“ во Кочани омаловажуваа и малтретираа Роми – членови на СДСМ

Од:

Во неможност да се поткупат и присилат, голем број граѓани од ромското маало во Кочани во текот на целиот ден беа изложени на тортура и омаловажување од страна припадниците на специјалната
единица „Алфи“, велат од опозицијата.

Две полициски возила и возилото на специјалната единица „Алфи“ беа стационирани на само неколку метри оддалеченост од избирачкото место во кое гласа претежно ромско население.

Од штабот на Општинската организација на СДСМ- Кочани велат дека најголемиот број Роми што биле
изложени на полициска тортура се нивни членови.

В.В (32), кој е жител на ромското маало и член на СДСМ, за нашиот портал изјави дека по напуштањето на избирачкото место бил пресретнат од страна на полицијата и Алфите и бил детално претресуван. И покрај врнежливото време, В.В бил држен на отворено подолго од два часа, без притоа да му се даде објаснување.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар