ВИДЕО: Аларамнтно е кај Пехчево, камбани го алармираат населението за опасниот пожар

Од:

Градоначалникот на Пехчево Александар Китански денеска, преку својот Фејсбук профил, апелира населението да се вклучи во гаснењето на пожарот кој стигна над градот Пехчево. Пожарот денеска повторно избувна над селото Негрево и носен од ветрот се шири во правец на градот.

Во моментот, како што информира Китански од терен, сите инволвирани во гаснењето на пожарот имаат и авионска поддршка, но, според него, сепак се потребни многу луѓе и ресурси за сузбивање на пожарот кој потпомогнат од ветрот, засега е надвор од контрола.

-Почитувани граѓани, сите кои можат нека се приклучат во гаснењето на пожарот, апелира градоначалникот.

Тој бара и да се расчистат улиците „Јулија Веселинска”, „Гоце Делчев”, „Пиринска” и „Буковик” од возила, за полесно движење на противпожарните возила кои ќе полнат вода од дворот на ЈП „Комуналец“.

На терен веќе се наоѓаат екипи на Добдоволното противпожарно друштво од Пехчево, пожарникари од Берово и месно население, вработени во Јавното комунално претпријатие и подружницата на „Национални шуми“.

Предупредување до жителите упатија и од црковното свештенство кои со биење на црковните ѕвона ги информираат граѓаните за подготвеност за евакуација.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во Хрватска, гори објект со опасни материјали, граѓаните добија предупредувачки пораки среде ноќ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар на пазар во Санкт Петербург, има повредени

Во Аеродром: Се запали „рено клио“, оштетени се уште две возила

Се запали камион во село Косевица, пожарот го изгаснаа каменичките пожарникари

Во Виена уапсени се девојки осомничени за подметнување 18 пожари „поради досада“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во објект на скопско Кале

Горан Наумовски