Акцијашите од поранешна Југославија на собир во Охрид

Од:

Се она што денес го користиме како инфраструктура беше изградено за време на поранешна Југославија за време на работните акции на кои учествуваа млади луѓе од сите делови на заедничката држава.

Ако денес на автопат или нова железничка линија се чека со години и години, постоечките автопатишта и желензици се граделе квалитетно и за само неколку месеци. Акцијашите од сите простори на поранешна Југославија кои се на собир во Охрид се потсетија дека железничката линија Сараево-Шамац втор колосек во должина од 260 километри била изградена за само 8 месеци.

Во Извидничкиот камп во Охрид сттотина поранешни акцијаши се потсетија на деновите поминати заедно и на работните акции во Охрид во 1984 и 1985 година кога заедно ги градеа водоводот Метропол – Охрид, патот Охрид – Ресен, ископувањето на Амфитеатарот во Охрид. Потпишаа заедничка декларација за ширење и промовирање на акцијаштвото и волонтеризмот

„Ова е продолжување на акцијаштвото кое започна во Охрид во 1984 и 1985 година со акцијата Брег на младоста. После три децении имаме можност во Охрид да ги видеме преставниците на голем број акцијашки клубови од поранешната заедничка држава“, велат организаторите.

Во Охрид беа преставници на акцијашки клубови од Зеница, Сараево, Ниш, Белград, Загреб, Бела Црква, Швајцарија, Германија.

Со Македонско девојче и со мнгоу акцијашки песни се потсетија на деновите поминати заедно.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Нов огромен објект никнува во старата чаршија, алармира Охрид СОС

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец повеќе пати силувал малолетничка, девојчето во март се породило

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

А1он

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Четворица лихвари од Охрид од жртва изнудиле 18 милиони денари

Горан Наумовски

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога