ВИДЕО: Аеродром доби две нови спортски игралишта – спортска инфраструктура за здрава и активна младина

Од:

Минатата недела во основното училиште „Љубен Лапе“ официјално беа пуштени во употреба две нови, модерни спортски игралишта, наменети за дечињата од ова основно училиште. Со ова Општина Аеродром доби нови спортски терени кои веќе се почетна точка за многу спортски таленти кои се градат во Аеродром, велат од Општината.

Градоначалникот Муцунски кој се обрати на настанот потенцираше дека станува збор за едно од најголемите основни училишта во Аеродром и во Скопје, каде уште oпштината ја потврдува заложбата за подобрување на воспитно-образовниот процес, учење на младите на здрави навики и создавање здрава иднина за новите генерации.

„Една од нашите цели кога градиме нови спортски терени и инвестираме во спортот е да ги натераме младите повеќе да спортуваат, а овие спортски терени да бидат местото каде ова и секое наредно лето ќе се слуша џагорот од детската игра и среќа“, нагласи Муцунски во своето обраќање.

Изминатиот викенд, неколку дена по официјалното пуштање во употреба двата спортски терени веќе се локацијата се градат и создаваат новите спортски таленти во Аеродром. Место каде се слуша детскиот џагор и детската среќа.

Општина Аеродром останува посветена на создавање подобри услови за спорт и рекреација на најмладите. Континуираните инвестиции во нови спортски игралишта се директна инвестиција со која се создаваат услови поздрава и поактивна младина, се додава во соопштението на Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром: Деструктивната СДСМ преку прес конференција повторно ги лаже и манипулира граѓаните

Горан Наумовски

Аеродром ја одбележа Европската недела на мобилност

Предраг Петровиќ

Дрес од МЗТ Скопје Аеродром за градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс

Бесплатни училишни униформи за над седум илјади ученици од Општина Аеродром

Општина Аеродром ја одбележува Европската недела на мобилност

Општина Аеродром втора година по ред обезбедува часови за бесплатно пливање за првачињата и децата со попреченост