(ВИДЕО) Адвокатот на Анџело за сведочењето: Се работи за обична тепачка, недоразбирање

Од:

„Се работи само за обична тепачка“. Ова се зборовите на адвокатот Иле Танев, кој го брани првообвинетиот Анџело Ѓоргиевски. Според него, очевидецот, односно сведокот Мартин Ѓоргиевски, со неговиот исказ ја потврдил оваа теза. Како овој сведок, патник во таксито каде настанало недоразбирањето меѓу обвинетите и сега починатиот Денис Тот, за Обвинителството беше непознато лице и не го обезбеди во постапката, не знаеше да одговори ниту адвокатот.

„Јас не сакам да коментирам дали тоа претставува прикривање на докази и сведоци, меѓутоа овој сведок беше споменуван и од самите обвинети во нивните искази така да не се работи за непознато лице. Кога ние сме можеле да дојдеме до неговиот идиентитет и да го донесеме како сведок не било проблем ниту на органите за прогон ниту за јавното обвинителство но ние се потрудивме во интерес на вистината да го донесеме и повикаме и донесеме овој сведок да даде видување на целиот настан, посебно што се одвивало во самото возило како единствен очевидец и мислам дека овој сведок даде свое видување на селата ситуација дека се работи само за обична тепачка, недоразбирање, еден обичен инцидент и далеку од она што преставува правна квалификација обвинување за тројцата обвинети“, кажа адвокатот Танев.

Тој смета дека сведочењето дава друг правец на случајот.

„Не знам дали може така да го третираме дека ја побива правната квалификација, меѓутоа неговиот исказ оди во друг правец, дава друга слика која што во никој случај не може да се подвргне на оваа квалификација која сега е дадена бидејќи се работи за моментен инцидент се работи за еден конфликт и една најобична тепачка“, додаде Танев.

Според него, нема два удари и еден обид за удар од страна на обвинетиот Анџело кон Тот.

„Па видете таму се работи за еден единствен удар додека е он во исправена сотојба. Кога е во лежечка состојба јас не можема да навлегувам затоа што не е дел од мојата одбрана,ние ќе се задржеиме на нашата одбрана каде што далеку од тоа дека само сео еден удар може да се убие човек и во една таква ситуација која разултираше од самите исказ и на сведоците“, потенцираше Танев..

За одбраната која ќе ја дава пред судот, не сакаше да открива детали.

„Ослободителна пресуда не може да очекуваме, но остане ваква правна квалификација логички е затоа што вакво дело не постои“, кажа адвокатот Танев.

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на правосилната пресуда за убиството на Денис Тот

Горан Наумовски

Апелација ги потврди затворските казни за убијците на ракометарот Денис Тот

Миланов: Правната квалификација „убиство“ е спорна за сите обвинети во случајот Денис Тот

Одбраната на обвинетите за убиството на Тот од Апелација бара повторно судење

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Обвинителката за пресудата за Денис Тот: Казната е во рамки на законски предвидената казна

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) „Казните се драконски, ова е неправда“, реакции на адвокатите чии обвинети добија вкупно 52 години затвор

Кристијан Ландов