(ВИДЕО) Ацевски: Со мерката за поврат на 15% од ДДВ, секој граѓанин кој плаќа данок добива пари назад од државата

Од:

Од 1 јули започнува мерката за поврат на 15 отсто од платеното ДДВ за граѓаните. Со оваа мерка, за прв пат во нашата земја, секој граѓанин кој плаќа ДДВ добива пари од државата, на својата сметка, изјави Костадин Ацевски, пратеник на СДСМ и коалицијата, на денешната прес-конференција.

„Кај граѓаните ќе се вратат околу 50 милиони евра на крајот на секоја година. Просечно семејство на крајот на годината добива приход плус. Ако досега, државата само земаше пари од граѓаните, сега за првпат државата враќа пари кај граѓаните.

Повратот на 15 отсто од ДДВ е последната во низата мерки кои обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети и кои ги спроведовме за само 2 години:

– Минималната плата ја покачивме од 9.000 на 12.500 денари.

– Ја укинавме радиодифузната такса и ја воведовме ефтината тарифа на струјата, мерка со која над 11 милиони евра завршуваат кај граѓаните.

– Социјалната помош ја зголемивме за 300%, односно од 3.000 на 10.500 денари.

– Го намаливме ДДВ-то за парното од 18 на само 5%.

– Ги намалувме казните и до 75% а трошоците за нотари и извршители и до 90%.

– Просечната плата се зголеми за над 2.000 денари а пензиите за над 800 денари.

– Земјоделците можат да вратат пари од персонален данок а со мерката зелена нафта над 200 милиони денари остануваат за 55 илјади земјоделци.

Концептот „пари кај граѓаните“ е јасно изразен во денари и проценти и претставува успешен модел за подобар животен стандард, подобар живот на граѓанинте, раст и развој.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години земаше пари од граѓаните. СДСМ како одговорна партија обезбедува повеќе пари назад кај граѓаните.“, објасни Ацевски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ